Macedonia for the Macedonians
.:Macedonia News:.
Македонија
-
Надеж дека во Чикаго ќе се разговара и за Македонија
Македонските власти се надеваат дека Грција нема да се противи прашањето за Македонија да биде ставено на дневен ред на Самитот на НАТО што треба да се одржи во мај во Чикаго, брифираат во македонското Министерство за надворешни работи.
Од оние разговори што ги имаме, постои очекување, особено во најавите или пристапот што Грција го фаворизира, дека постои простор да има некаква согласност и од грчка страна. Тоа ние не го гледаме во нашите билатерални дискусии со нив, барем досега, но надежта е насочена во тој правец.
-
Георгиевски: Додовски и неговата сопруга се бугарофили
Дали лидерот на ВМРО Народна партија и поранешен премиер на Република Македонија, Љубчо Георгиевски, има интензивни контакти со првиот човек на опозициската СДСМ, Бранко Црвенковски?Маријан Додовски и неговата сопруга се бугарофили, тврди Љубчо Георгиевски, в.д. претседател на ВМРО-НП за вечерашното издание на „Во центар“ со Васко Ефтов кое ќе се емитува вечер во 21 часот на Алфа телевизија. Тој за емисијата открива и кога и каде се сретнал со Бранко Црвенковски и кој бил нарачател на таа средба.
-
Димовски: Георгиев прво да праша во СДСМ кој нарачувал меѓуетнички тензии
Гордан Георгиев пред секое следно прозивање на ВМРО-ДПМНЕ треба да се заврти околу себе и прво да постави прашање до своите партиски шефови- кои се луѓето од СДСМ кои нарачувале меѓуетнички тензии, вели Илија Димовски, директор на Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ.
-
Снежните врнежни направија проблем и во образованието
Во Скопје наставата во основните и средните училишта се одвива нормално, но на територијата на Македонија голем број училишта или ги затворија вратите чекајќи подобрување на временските услови или работат со скратена настава. Без настава останаа и сите основни и средни во училишта во Тетово.Градоначалникот Сади Беџети ја донесе одлука поради тешкотиите кои ги предизвика снегот но и поради најавите за пообилни врнежи.
-
СДСМ : Премиере, јавно да соопштите на кого мислевте вчера?
Вчера јавноста имаше прилика повторно да го слушне најголемиот манипулатор и врвен лицемер Никола Груевски.
Тој по којзнае кој пат однесувајќи се како да не е од овде, одлучи повторно да ја мати водата и изјави дека “меѓуетничките инциденти ги прават партиски мотивирани лица од опозицијата“.
Кажа на денешната прес конференција Гордан Георгиев.
-
Бесими во работна посета на Србија
Делегација од Министерството за одбрана предводена од министерот Фатмир Бесими денеска ќе престојува во работна посета на Белград. Предвидено е Бесими да се сретне со српскиот министер за одбрана Драган Шутановац и со началникот на Генералштабот на Армијата на Србија, генерал потполковник Љубиша Диковиќ.




